На 11.06.2022 во 23.00 часот на ул.“Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.А. (29) од с. Селце, тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, лицето Л.А. се барал по судска наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна.
Л.А. бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.