Токму затоа што сме во криза и не чекаат нови кризи ни требаат предвремени парламентарни избори, затоа што власта на СДСМ и ДУИ не довела до нив, а искуството од ковид кризата покажа дека тие не се решение за кризите, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

– Ние тукушто поминавме ковид криза, таа ја спроведуваше оваа влада. Во ковид кризата имаше корупција со вакцини што на ниедно европско тло, од Грузија до Ирска не се случило. Кај нас има корупција, фатени живи, министерот Филипче и премиерот Заев. Имавме најголема смртност, немавме помагала од ракавици до маски и ни ги донираа Србија, НАТО и ни ги даваа како на сираци, изјави Латас.

Тој посочи дека сега на 18-ти имаме митинг на опозицијата, не само на ВМРО-ДПМНЕ, каде што е просто и јасно кажано дека доаѓа незадоволен народ од оваа влада и затоа што не очекува поголема криза.

– Сега има друг тип на криза и нема ниту една причина да се верува дека оваа влада може во нареднава криза да работи подобро. Има послаб рејтинг и уште послаба структура. Тоа е како во било кој спорт, ако паѓате и сте на граница за испаѓање од лига менувате тренер, не може да очекувате дека тренерот кој ве донел до дно дека ќе ве извади, истакна Латас.

Латас додаде дека СДСМ и ДУИ ни докажаа дека и во најголема криза каде губевме животи по 80-100 на ден, како војна во Украина, правеа корупција, крадеа пари, немаа вакцини, немаше место во болница, изумреа илјадници луѓе.

– Имавме кризи и од финансиски карактер, 4 милијарди земаа нови пари, а каде се парите, тие се по невладин сектор и разноразни измамници, грантови, 25-30 милиони заминаа по Фонд за иновации, никој не видел иновација. Заради многу причини треба да има вонредни избори. Баш затоа што сме криза и не чека уште поголема криза, особено за струја, ние и понатаму не вршиме работи кои се очекуваат , а тоа е да има јаглен за РЕК по цена 3-4 пати помала од таа која се купува, изјави Латас.

Тој потенцираше дека ќе плаќаме поскапа струја затоа што има во влада луѓе чии деца, вклучително и детето на Заев кои се занимаваат со продажба на струја, и повеќе им се исплати да купа струја од странство и да ја продадат на домашен пазар.

– Тие се дојдени на власт за крадат, има рекетари од подземје, наркодилери кои им набиваат гласови, купуваат невладин сектор, гонат новинари и политичари, судството е 8% со сите смени кои СДСМ ги направи со сите судии и обвинители кои ги смени, нагласи латас.

Латас истакна дека СДСМ нема рејтинг и уште Заев кога беше прва, втора година почна да им паѓа рејтингот, нивниот рејтинг постојано паѓа, а тоа е така затоа што не го испорачуваат тоа што народот го очекува од нив.