Во кичевската полиција вчера била приведена С.К.(19) од Битола, која претходно влегла во домот на Е.Е. од Кичево и одзела пари, мобилен телефон, накит и други предмети. Откако била забележана, С.К. физички ја нападнала оштетената и избегала.
Одземените предмети биле вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.