По вчерашната најава на пратеникот Скендер Реџепи-Зејди дека ќе настапува како независен пратеник во Собранието, од неговата партија Алтернатива велат дека станува збор за исклучиво лична одлука, а не за став на партиската структура.
„Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа, е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор“, додаваат од партијата.
Од таму велат дека мандатите на овој парламентарен состав се добиени во име на партијата, па затоа бараат Реџепи да го врати добиениот мандат во име на партијата.