Работиме на создавање оптимални услови за лица кои немаат 18 години, а требна да издржуваат казна, тоа да се направи во соодветни услови. Постои објект, кој во моментов се адаптира за таа цел за да биде ставен во функција, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски.
-Пред две-три недели бевме во посета, затоа што сакав и лично да се запознаам со состојбата на децата, така што и затворот, меѓутоа, и Управата за извршување санкции веќе имаше преземено одредена активност во однос на подобрување на нивните услови. Практично, имаше целосна физичка изолација, да немаат контакт со возрасните, меѓутоа не сум сигурен дека докрај е решен проблемот. Работиме и во таа насока да се обидеме не само за нив, туку да создадеме оптимални услови и за во иднина, доколку се појават лица кои немаат 18 години, а требна да издржуваат казна, тоа да се направи во соодветни услови, рече Тупанчевски на прашање што се прави да се заштитат девојчињата од Волковија што се на привремен престој во затворот во Идризово.
На дополнително прашање за пријави од девојчињата дека добивале закани од затвореничките, министерот Тупанчевски повтори дека состојбата е подобрена, но не и целосно решена и дека како Министерство и УИС се обидуваат оптимално да реагираат.
Директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски информира дека веќе е почната постапка за обезбедување услови и се во завршна фаза, а по исполнување на основните услови и законската рамка девојчињата ќе бидат преместени.
– Не само тоа, навистина има одличен објект во кој што е многу вложено и тој објект, според капцитетот на исполнетост исполнет е една третина. Значи навистина идеални услови за осудени лица кои немаат направено 18 години, меѓутоа ќе треба да се направат одредени адаптации за да може да биде комплетно ставен во функција. Мислам дека ниту финансиски е оправдано таквиот објект, ако ние имаме можност, а заради некои недоречености не ја користиме можноста во целост, рече министерот Тупанчевски.