Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 374 возачи.

-Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 180 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 194 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 147 други видови прекршоци, известуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.