-За околу спорот со Бугарија, за жал ние цело време дознаваме од бугарските медиуми. А, сега според она што го пишуваат бугарските медиуми кои што се за првпат да речам мој впечаток се помалку резервирани и не го напаѓаат веднаш тој предлог. Но, ние како партија го отфрливме тој предлог. А, зошто? Затоа што најпрвин во оваа консталација, власта ниту во најсреќен и најдобар сон нема да доживеат и да најдат доволен број на пратеници кои што би гласале за промена на Уставот. И втора работа, по ниедна цена не треба да се прифати асимилација на македонскиот народ од Бугарија, односно да практично нѐ бугаризираат тука во Република Македонија, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“.
Арсовски додаде дека дел од интелектуалната јавност во Грција велела дека се што заборавила да вметнат во преспанскиот договор во брзање, сега бугарската Влада не заборавила да го вметне.
-Една работа која што морам да ја констатирам за жал е дека повторно македонската јавност се информира од медиумите во соседна Бугарија. Повторно молчат од страна на власта, нагласи Арсовски.
Тој посочи дека Република Македонија припаѓа на евроатлантското семејство. И народот сериозно има аспирации да биде дел од тоа европско семејство. Но, доколку власта смета дека предлогот на Франција е толку добар зошто тогаш го крие од јавноста. Власта слободно може до пладне да свика прес конференција каде што ќе го објави предлогот пред јавноста. А, потоа власта треба да ги слушне реакциите на граѓаните околу истиот тој предлог.
-Но, очигледно нешто не е во полза на македонските граѓани, на граѓаните на Република Македонија, очигледно не е во полза на државата и затоа од власта ќе се обидат да молчат. Но, сепак јавноста се информираше околу предлогот на Франција од бугарските медиуми, појасни Арсовски.
-Промашена е цела влада кај нас, цел курс кој што го тераат во политикава. Ете конечно излезе на виделина како стојат работите во државата. ВМРО-ДПМНЕ секогаш имаше став за сите прашања и говореше отворено. Да некој немал став, немало да излегува јавно, а ние секојдневно јавно говоревме на сите теми и бевме отворени и се уште сме отворени за сите теми да одговориме. Буквално на секое прашање одговараме на било кој новинар кое што е поставено. Но, од друга страна гледаме дека Ковачевски нема став по ова прашање. И тоа доволно говори дека не е Ковачевски тој што одлучува. Ковачевски е само еден пиун и најверојатно се уште одлучуваат Зоран Заев и Али Ахмети, порача Арсовски.