Српскиот претседателот Александар Вучиќ најави дека денеска ќе има консултации со премиерите на Mакедонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и со владата на Србија за претстојниот самит за западен Балкан.

– Тогаш ќе донесеме одлука дали ќе одиме во брисел и каква позиција ќе имаме, изјави Вучиќ, одговарајќи на прашање дали добил покана за учество на самитот на 23 јуни во Брисел, дали ќе оди и каков ќе биде ставот на Србија на оваа средба.

Вучиќ рече дека во петокот добил официјална покана да присуствува на седницата на Советот на ЕУ в четврток во Брисел, нагласувајќи дека тоа „ќе биде можеби најважниот и најинтересен ден во последните 10 години на европско ниво“.