Бившиот министер за надворешни работи шеф на дипломатијата од СДСМ, Никола Димитров во вечерашното интервју на телевизија Телма вели дека Македонија нема да добие меѓувладина конференција на 23ти јуни и токму поради тоа премиерот Димитар Ковачевски нема да присуствува на Самитот на Западен Балкан во Брисел.
На 23ти јуни ништо нема да се случи, тоа е готово. Денеска од ГАК е тргната точка, не било расправано. Затоа е и дилемата дали Вучиќ, Рама и Ковачевски ќе одат или нема да одат. На 23ти јуни нема ништо и тоа е готово, изјави Димитров.
-Поранешниот министер Димитров вели дека францускиот предлог нема да го реши македонско – бугарскиот спор, укажувајќи дека е разумно сите чинители да разговараат и да заземаат заеднички став по однос на овој предлог, бидејќи смета дека подоцна нема да има можност за поправки.Прво сме на паркинг зошто нема 2/3 во собрание. После знаете што е следната мака, како ќе се испреговара Акцискиот план што е влезен во главниот кластер. Таму вели Акциски план на инклузивен начин, читај ќе се праша и Бугарија. Па и тоа ќе трае. Значи целиот процес со ЕУ ќе се претвори во агонија која што земјата о народот поминува последните две три години. Нема да заврши ова тешково и гадното, со ваква игра, објасни Димитров.
-Јас мислам дека овој предлог го компликува решавање на македонско – бугарскиот спор, мислам дека ни е нападнат македонскиот идентитет што не е европска работа, и мислам дека сме должни да се собереме да разговараме како разумни луѓе и да заземе заеднички став за ова огромно прашање бидејќи нема поправки. Може оваа влада да падне утре, и што ако падне, ако ваква рамка остане. Може да се закопаме во едно патче од кое никогаш нема да излеземе, смета тој.
Ги повикувам сите наши чинители од Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи сите пратениците исклучително битен е моментот бидејќи нема поправка, изјави Димитров.