Судот во американската сојузна држава Луизијана го блокираше законот на таа држава, кој би можел повторно да ја воведе забраната за абортус.
Судија на Окружниот суд во Њу Орлеанс во понеделникот привремено го блокираше спроведувањето на законот во Луизијана и закажа сослушување за 8 јули, врз основа на тужба поднесена од Центарот за репродуктивни права во име на локалните медицински институции кои вршат абортуси.
Во тужбата се наведува дека на законот кој би овозможил забрана на абортусот „недостигаат уставно задолжителни заштитни мерки за да се спречи самоволно спроведување“ и дека е „неважечки поради нејаснотии“.
Трите преостанати државни клиники за абортус во Луизијана најавија дека ќе продолжат да ја вршат таа интервенција и по судската одлука.
Слични тужби се поднесени во Јута и Охајо за да се спречи стапување во сила на закон што би предизвикал забрана.