ДО ТУКА СТАСАВМЕ?!
Наместо деновиве да добиеме официјален став од Министерството за култура на Република Македонија во врска со загрозените македонски црвени линии по прашањата на идентитетот, историјата, традицијата, јазикот и културата, во развојот на најновите настани поврзани со нашето евроинтегрирање, „почестени сме со европски вредности“ со најексплицитна содржина полна со говор на омраза и директна закана со кршење раце и нозе, стои во Фејсбук објавата на официјална страница на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата напиша дека има само две можности кои им стојат на располагање на Министерството за култура и министерката Костадиновска-Стојчевска и тоа во најкратки можни рокови:
1) Да се оградат од заканата и говорот на омраза напишани на ФБ статусот на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири!
2) Заеднички да поднесат оставки и Костадиновска-Стојчевска и Азири, за да овозможат на органите на прогонот независност на истрагата на ова веќе пријавено злодело и конечно примена на европските вредности на дело!

– Денешното бришење на заканувачката и непримерна содржина со говор на омраза, тешко ќе го исперат срамот и гревот во кои се западнати партиско-коалиционите „културни политики“ на СДСМ и ДУИ. Валканата бездна во која пропаѓа македонска култура мора да почне да се чисти од врвот – ВЕДНАШ, се додава во објавата.