Движењето „Ние сме Македонија“ ги повика македонските иселеници да организираат локални протести во знак на поддршка на Македонците во Македонија кои протестираат против францускиот предлог.
Македонци, сите сме ѝ потребни на Македонија. И повеќе од потребни!!!
Рецесијата и слабата економска состојба е присутна секаде во светот. Свесни сме дека не можете да си дозволете да патувате секој ден до Скопје.
Има и други начини како да им пратете подршка на нашите сограѓани во Скопје.
Излезете на вашите плоштади, ставете ги знамињата на вашите балкони. Испратете ни слики… да ги инспирираме сите да ни се придружат, повикуваат од движењето.