СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(36) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

-На 07.06.2020, пријавениот преку апликација на мобилен телефон се слушнал со оштетената, претставувајќи се како претставник на хуманитарно здружение, при што ѝ понудил да земе стан во Скопје. По ова, оштетената заедно со нејзиниот брат отишле во Скопје и се сретнале со пријавениот и со уште едно лице, соопшти попладнево МВР.

Притоа, пријавениот ветил дека веднаш ќе им даде клуч од станот доколку му дадат 2700 евра. Откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетената.