Летото ќе го протуркаме без проблем. Бројот на зарзени ќе биде висок но симптоматологијата е лесна. Заразувањето ќе ни биде од корист затоа што ќе се билда колективниот имунитет за наесен кога ќе почнат да циркулираат и другите вируси.
Епидемиологот, д-р Сашко Олумчев вели “Ќе имаме високи бројки а ќе немаме пациенти.“ Речиси сите кои доаѓаат од Грција се позитивни, но клиничката слика е со течење на нос, гребење на грлото и евентуална температура која трае еден ден.
Проблемот е што имаме многу краткотраен имунитет од 3 до 4 месеци. И затоа ни се овие постојани зарази, реинфекции, потребно е “потсетување“ на имунитетот.
Олумчев не очекува дека нешто страшно ќе се случи од есен, луѓето не треба да се плашат, но предупредува на внимателност и лична заштита.
Лидер: Драстично расте бројот на новозаболени од корона вирусот, но нема никакви мерки од страна на Комисјата за заразни болести. Дали ќе го “истуркаме“ ова лето без никакви мерки и дали треба да стравуваме од нов бран?
– Оваа ситуација беше очекувана и предвидена согласно тоа што сите држави пријавија постоење на новите подваријанти кои се премногу заразни, 7 до 10 пати позаразни од првичната варијанта.
Сега е туристичка сезона, се мешаат луѓето, не се држи растојание, висока заразност на вирусот и очекувано е да имаме такви бројки и тие секојдневно да растат. Но од друга страна имаме една позитивна ситуација што во моментот речиси кај сите имаме една минорна симптоматологија: малку течење на нов, евентуално некој пројавува температура, еден до два дена максимум, гребење или болки во грлото и се тука се завршува за три дена.
Во моментот “сега ни од полза заразувањето“, ќе стекнеме некој каков таков имунитет за есен , лесна симпотоматологија, сите го поминувааат, некои го пријавуваат некои не…Така да “ ќе ни се најде“ да речеме, ова сега, овие високи бројки ќе ни се најдат како една добра подлога за солиден колективен имунитет на есен кога ќе почнат да циркулираат и другите вируси.
Доктор Олумчев не очекува големи бројки на хоспитализација, затоа што овие две варијанти на Омикрон кои циркулираат кај нас се со многу лесна симптоматологија.
-Го имаме тој бран на многу заразани, многу високи бројки но не очкувам дека ќе имаме големи бројки на хоспитализации. Лесна симптоматологија која поминува за 2 до 3 дена и нема некои компликации, барем засега никој не пријавил компликации. Единствено што забележав дека во моментов ни се на удар малку повозрасните лица над 65 години и кај нив може да има малку за нијанса потешка симптоматологија. Нормално е тоа, затоа што тие се луѓе со коморбидитети, така да би било паметно тие да внимаваат особено оние кои живеат во поголемите градови. И препорака е во јавниот превоз и онаму каде има поголема концентарција на луѓе да се држи растојание или евентуално да се носи маска, чисто за лична заштита.
Инаку летото ќе го протуркаме секако без прблем. Ќе биде така со зголемени бројки. Сите што ни доаѓаат од соседна Грција се туку речи позитивни. И кај нив растат бројките и во соседна Србија растат бројките и тоа е очекувано да бидат високи и се надевам дека ќе остане оваа симптоматологија.
Лидер: Што не очекува од есен? За што треба да се подготвиме?
-Не не очекува нешто особено. Ако останат овие две варијанти што се од овој сој, можеме да очекуваме само бројки на заразени, ништо повеќе од тоа и не треба да се плашиме.
Ако не внимаваме сами на себе, секако може да се заразиме од корона. Од есен тука ќе биде и сезонскиот грип, нешто што ќе се очекува е да имаме изостаноци, поголем број на отсуства од работа. Ианку хоспитализациии не очекуваме. Ќе биде амбулатнски, по 2, 3 дена луѓето ќе си седат дома и ќе се лекуваат, дури и посебно лекување нема потреба во моментот поради тоа што е лесна симптоматологијата. Ќе имаме високи бројки а ќе немаме пациенти.
Лидер: Но што е со последиците. Дали лесната симптоматологија крие тешки поседици?
-Нема некоја потешка поседица. Последиците ни се резултат на претходните соеви, на тие што прележаа. Постковид сега се јавуваат тие последици, од претходните зарази кога имавме навистина тешка симптоматологија која остави секвенци дали на белодробието дали на другите органи. Таа беше генерелизирана болест со воспаление на крвните садови и нормално дека остави последици кои сега ги гледаме. Дали од овие варијанти ќе има последици ќе видиме можеби после 6 месеци.
Проблемот е што имаме многу краткотраен имунитет од 3 до 4 месеци. И затоа ни се овие постојани зарази, реинфекции. Од 4 месеци до сега не сме забележале да трае повеќе имунитетот. И со вакцината и со инфекцијата.
Природниот имунитет постои, меѓутоа антителата паѓаат четвртиот месец и останува се на целуларниот имунитет. Не дека ние немаме имунитет, меѓутоа падот на антителата е драстичен после четвртиот месец и треба “потсетување“ на имунитетот. Со вакцинација, да речеме со 4 доза која сака да стави, овие реинфекции исто така ќе ни го “потсетат“ имунитетот така да се е право на избор, некои ќе се вакцинираат некои ќе се заразат. Не очекувам некои проблеми и не треба да се плашат луѓето дека нешто страшно ќе се случи.