(ФОТО) И вечерва илјадници граѓани на улиците низ Скопје против францускиот предлог

Македонија 13.07.2022. 20:56

Пред владината зграда вечерва под мотото „Ултиматум, не благодарам“ почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.

Протестниот марш започна од пред Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

Народот и вечерва покажа сплотеност и решителност.

„Македонија не е на продажба, информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам! – порачуваат организаторите на протестот.

Илјадници граѓани застанати рамо до рамо вееја македонски знамиња и пееја македонски песни.

Како и секој ден, заедно со граѓаните беа и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст