Со овој предлог се создаваат нови критериуми. Билатералните односи помеѓу република Бугарија и Република Македонија стануваат услови за понатамошто напредување на Македонија кон ЕУ. Овој предлог станува темен лавиринт од кој што македонскиот народ и македонската држава нема да можат да излезат во следните 30-тина години. Ова го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски на денешната седница на Собранието на која се расправа за францускиот предлог.
-За жал, и вчера и денеска господинот Ковачевски, кукавички и предавнички подметна кукавичко јајце тука во Собранието и избега затоа што не може да се соочи со нас, преставниците на народот кои што имаме и те како што да му порачаме. Не мора да бега Ковачевски затоа што никогаш не може да избега од народот и нема дупка во која може да се ские заедно со неговиот ментор Зоран Заев. Ќе го стигне правдата почитувани граѓани. Ќе го стигне правдата затоа што таа можеби е спора, но секогаш пристигнува на вистинската адреса, истакна Велјановски.
Тој додаде дека СДСМ со предавничката политика ја блокира Македонија на во евро-интеграциите и дека Ковачевски и Зоран Заев не можат повеќе да го лажат народот.
-Вие од СДСМ ја закопавте Македонија. Вие со вашата предавничка политика директно ја блокирате Република Македонија во евро-интеграциите. Република Македонија и пред вие да дојдете на власт 13 години ги исполнуваше условите за отпочнување со преговори и овој Ковачевски што не е денес тука во салата пред само две недели овој француски предлог, на овој бугарски предлог во европски целофан му кажа не. Што се смени во овие две недели? Знае и јавноста, знаат и експертите, знаете и вие пратеници од СДСМ дека ништо не е променето. Се промени само лагата на Ковачевски и ништо повеќе. Но, Ковачевски и Заев не можат да го лажат повеќе народот, не можат да не лажат нас. Поднесовте информација за преговарачка рамка од само една страна која што не содржи ништо. Го деградирате Собранието и нас како пратеници, ни ја навредувате интелигенцијата, истакна Велјановски.