-За мене претставува чест и задоволство да може да присуствувам на настани каде што се отвараат нови работи, каде што се отвараат нови објекти, каде што се затвараат започнати проекти. Градоначалникот и компанијата-донатор кажаа околу деталите за ова игралиште овдека, за овој спортски центар, јас немам што да додадам од технички аспект. Но, се радувам на тоа што гледам овде во Гази Баба бидејќи општината заедно со градоначалникот, заедно со Боби прават исклучително многу и за граѓаните, но и за самата општина и можам само да кажам и да ги поддржам да продолжат така во периодот кој што следи бидејќи тоа е она што го очекуваат граѓаните од нас, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Посочи дека тоа е она кое што треба да ја покаже разлика помеѓу тие кои што крадат и оние кои што градат.

-Тие во Владата ќе продолжат да крадат, а во општините каде што имаме градоначалници, администрација од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да градиме. Така што тезата дека сите се исти не е точна. Иако јас знам дека тоа сакаат од Владата да го прикажат во јавноста. Уште еднаш ќе ми дозволите да им посакам уште многу вакви проекти и уште многу вакви места каде што ќе можат и повозрасните, но и најмладите да наоѓаат простор за своја релаксација и за забава, нагласи Мицкоски.