При денешната посета на општина Бутел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на притисоците од страна на власта врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се навикнати на притисок и ако власта мисли дека тоа е начинот да се пресметува и да се прави политички притисок врз политички неистомисленици многу се лажат.
– Не, ние сме навикнати да живееме под притисок, кај нас е чудно ако нема притисок, но и тоа ќе помине, се навикнувате, еве гледате што се случи во Прилеп, претходно го опожарија возилото на директорот на комуналното претпријатие, па градоначалникот имаше став и покрај тоа што советот во општина Прилеп јасно кажа дека треба да се смени командирот на полициската станица, од Спасовски и од МВР нема реакција, во текот на ноќта беше опожарено возилото и за малку фалеше поголема трагедија да се опожари неговата семејна куќа во Прилеп на пратеникот Петар Ристески, но ако мислат дека тоа е начинот да се прават политички притисок врз политички неистомисленици се лажат, истакна Мицкоски.