Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет ја прими македонската пејачка ѕвезда Ламбе Алабаковски, кој ќе настапи по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден ,,Илинден 2-ри Август”.

На средбата беа договорени деталите за манифестацијата која ќе се одржи на 28.07.2022 (четврток) во комплексот на Домот на култура ,,Илинден”.

Покрај настапот на Ламбе Алабаковски, манифестацијата ќе биде збогатена со богата културно уметничка програма.