Социјалистичката партија на Македонија ја осудува неоколонијалната политика што се спроведува преку Бугарија кон државата Македонија.

Во продолжение соопштението 

Под форма на процедура за членство во унијата се спроведува јасна форма на заложништво или очигледен современ колонијализам.
Тоа што француско-бугарскиот предлог го соддржи е акт на подредување на една држава под друга, на Македонија под Бугарија, со одобрување од ЕУ.
На тој начин Бугарија и покрај тоа што е поразена во минатата војна добива своја колонија. При тоа неводејќи сметка што врши дестабилизација на Македонија и на регионот во целина.
Бугарските барања ги овозможуваат СДС и ДУИ кои ја прифаќаат понудената стапица од ЕУ и се единствените кои не го согледуваат очигледното. Овие две партии на чело со премиерот и министрите ќе бидат спроведувачи на неоколонијалната заложничка политика кон Македонија. Тие го лажат својот народ дека е во интерес на државата, а всушност е на нејзина штета и на штета на идните генерации Македонци. Сето тоа затскриено со наводните перспективи на државата, а всушност бришење на македонската држава и обезличување и исчезнување на македонската нација, од нив пресметана цена за задржување на власта.
Бугарските националистички, ревизионистички и ретроградни барања, темелени на историски пропаднатиот санстефански концепт, претставуваат колонијални империјални барања, да се добие Македонија како втора бугарска држава. Тие дури не го признаваат ниту македонскиот јазик, ниту народ.
Македонија, во новосоздадените услови, нема да може да одлучува за бројни прашања, ќе биде уценувана со вето и со ограничувања на човекови права, историја, јазик, култура, државност.
Се воведува отворена цензура, се ограничува слободата на говорот и на мислата.
Сето тоа е крај на демократијата и човековите права и слободи.
Македонските социјалисти во ниту еден случај не прифаќаат колонијална положба на државата која во антифашистичката војна се избори за своја слобода.
Никој не смее да ја доведе државата во подредена положба што е акт на велепредавство, освен Владата на СДС и ДУИ.
Социјалистичката партија на Македонија го повикува македонскиот народ, и сите останати граѓани, кои во колективната меморија го имаат сочувано слободарството, да ја зајакнат борбата за слобода и за демократско симнување и протерување на одродените и однародени СДС и ДУИ кои ја продаваат сопствената држава, а француско-бугарскиот предлог го отфрлаат со индигнација.
Социјалистичката партија на Македонија ги повикува социјалистите, македонскиот народ и сите граѓани на обединување под едно знаме, знамето на Македонија, да се спречи овој чин на неоколонизација што е срам и недопуштена појава во XXI Век.