Благодарност до д-р. Шабан Салиу, претседател на Демократски сили на Ромите, која што е искрен и лојален партнер во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изминативе 4 и половина години откако сум јас претседател, но и претходно. Ценам дека сето ова кое заедно го сработивме резултираше најпрвин со две огромни победи на локалните избори и во првиот и во вториот круг и ценам дека на следните предвремени парламентарни избори ќе направиме историски резултат за нашата заедничка држава Република Македонија, во која што значаен дел ќе има и партијата Демократски сили на Ромите предводена од д-р. Шабан Салиу, изјави на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој упати голема благодарност што му е укажана ваква чест, да биде дел од ова годишно Собрание на кое што се наоѓаат луѓето кои што ги претставуваат ограноците на партијата Демократски сили на Ромите.
– Се надевам дека тоа што денеска ќе го разговараме и тоа што денеска тука ќе го слушнам ќе биде и од моја, но и од корист на партијата Демократски сили на Ромите, предводена од доктор Шабан Салиу и од вакви настани можеме само да бидеме подобри, поквалитетни и да одиме напред. Тоа е суштината на овие собири, на овие настани. Јас, еве ја користам оваа прилика да им посакам успешно годишно Собрание и уште многу заеднички победи на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која што нераскинлив дел е партијата Демократски сили на Ромите и на Македонија, додаде Мицкоски.