Утре попладне и во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР.
Потоа во следните денови ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови со изолирана појава на нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи.