На социјалните мрежи се појавија фотографии од Ламборџини снимено пред ТЦ Мавровка во близина на судовите, а истото учествувало во сообраќајна несреќа.
– На крстосница од булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирсков“ дошло до судир меѓу „Цитроен“ со кумановски регистерски ознаки и Ламборџини со швајцарски регистерски ознаки – велат од МВР .
За среќа, причинета била само материјална штета и нема повредени лица.