Сообраќајот на патниот правец Велес – Градско кај местото Венуле од 11:45 часот се одвива наизменично по една коловозна лента поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.