Дамир Остерман, информатичар и водач на проекти за зајакнување и интегрирање на сите бази на податоци во хрватскиот полициски систем, е уапсен во синоќешната акција на полицијата и Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал, пишува Јутарњи лист.
Весникот наведува дека на Остерман, како главен „админ“ на целата полиција, му бил овозможен пристап до целата државна база на податоци за лицата врз кои се или биле спроведени посебни доказни дејствија, како и пристап до архивите на сите криминални досиеја, пристап до тековни тајни операции и слично.
Освен за откривање информации од тајни истраги, Остерман е обвинет и за местење тендер при набавка на опрема за полицијата во замена за поткуп за да победи компанијата на Синиша Патачкo, претседателот на Здружението на приватни детективи во Хрватска.
Јутрањи пишува дека покрај Остерман и Патачко, во фокусот на истражителите е и поранешниот началник на загребското одделение на Агенцијата за контраразузнавање (ПОА) Марио Фрлан.