71% од граѓаните во Македонија го користат дрвото како енергенс за затоплување кое пред грејната сезона ќе поскапи за 20 проценти. Со тоа огревното дрво и пелетите стануваат се потешко достапени особено за најсиромашните слоеви, вели еко-активистот Игор Смилев претседател на ЕГ „Грин Пауер“.
Индикативно е како цената е неколукратно зголемена а сечата на дрвото е иста како во 2021година. Тоа знечи дека проблемот е мулти институционален , вештачки наметнат, за кој одговорни се сите субјекти кои на било кој начин стопанисуваат со дрвната маса, а тука пред се е Минстерството за Земјоделие и водостопанство, ЈП Национални шуми и шумската полиција, вели Смилев.
Според истражувањето на ЕВРОТИНК извршено во 2020, вкупниот број штети предзивикани од дивата сеча изнесува неверојатни 245.118 м3 дрвна маса, што знчи дека има само држава со организиран криминал и организирана дива сеча. Институциите се слаби, кревки, корумпирани, некоординирани и слабо платени, без доволен број теренски возила, мака мачат да утврдат дали треба да поденсат прекршочна или кривична пријава што севкупно влијае на очајната состојба со вкупната нелегална екслоатирана дрвна маса, додава Смилев.
Лидер: Повеќеслојната криза донесе поскап живот и опаѓање на животниот стандард на граѓаните. Енегренсите драстично растат. Дрвото сеуште е енегргенс на кој најголем дел од домаќинствата се затоплуваат. Но и центата на огревното дрво руши рекорди. Дали ова е реалната цена на дрвата или профит од целата економска ситуација?
-Огревното дрво пред почетокот на следната грејна сезона ќе поскапе за 20 отсто, а пелетите веќе се продаваат по речиси 50 отсто повисока цена.
Во меѓувреме Цената на еден кубен метар дабово дрво во приватните складови достигнува и до 5000 денари.
Дрвото инаку, е најупотребуваниот енергенс во Македонија што го ползуваат околу 71% од граѓаните и со новите цени станува се потешко достапен, особено за најсиромашните слоеви .
Лидер: Има ли Македонија доволно огревно дрво?
– Македонија има изобилство на квалитетна шумска дрвна маса. Но, децениската системска негрижа за неа, корупцијата, алчноста, неконтролираниот извоз, бесправната сеча, како и популарните и омилени(за Шумските подружници) масовни и т.н. легални сечи преку фирми тендери придонесе голем дел од огревното дрво наместо во домовите на граѓаните да завршува на други места. Ова директно придонесе за нарушување на пазарот со огревно дрво и пелети што неколкукратно ја зголеми и цената на кубик дрво. Едноставно, не е нормално во 2022 година во услови кога и дивата и легална сеча е слична со онаа од 2021( или поголема) да има историски недостаток со огревно дрво и пелети во Македонија. Тоа значи дека проблемот е мулти институционален , вештачки наметнат, за кој одговорни се сите субјекти кои на било кој начин стопанисуваат со дрвната маса, а тука пред се е Минстерството за Земјоделие и водостопанство, ЈП Национални шуми и шумската полиција.
Лидер: Колку државата се грижи за дрвниот фонд и пошумувањата?
– Според истражување извршено во 2020 година од страна на Центарот за евростратегии ЕВРОТИНК насловено како „Пустошење на нашата иднина „ вкупниот број штети предзивикани од дивата сеча изнесува неверојатни 245.118 м3 дрвна маса. Тоа во превод значи дека држава со организирани институции нема , има само држава со организиран криминал и организирана бесправна или дива сеча.
Институциите се слаби, кревки, корумпирани, некоординирани и слабо платени, без доволен број теренски возила кои најчесто немаат пари за гориво или се техички неисправни. Да не спомнуваме за немањето дронови или интернет пристап кој спаѓа и во доменот на научна фантастика, а кои се нужни за рано откривање на пожари во текот на летниот период или на мапирање на нелегални сечи во текот на есенскиот период.
Законот за шуми недоволно ја третира оваа проблематика па шумочуварската служба или Шумската полиција мака мачат да утврдат дали треба да поденсат прекршочна или кривична пријава што севкупно влијае на очајната состојба со вкупната нелегална екслоатирана дрвна маса.
Лидер: Дали и колку според вас има нелеглана сеча на дрва, кој и дали ја дозволува и кон што води тоа?
– Најголем проблем, освен дивите сечи кои се добро организирани од криминални групи, кои се опасни и најчесто добро вооружени се и масовните легални сечи од кои најмногу се вознемирува локалното население, оти најчесто се работи за голи сечи кои делуваат визуелно поразително, а глетките се ужасни за локалните жители, а најчесто се пропратени и со уништување на локалните пристапни патишта кои многу ретко се санираат .
Нетранспарентноста , затвореноста на институциите , немањето т.н. Календар на годишни активности или необјавувањето јавно на сите активности за легална сеча ( каде и колку ќе се сече, по месеци, реони и предвидено количество на исечена дрвна маса) ја прави Македонија една од најретроградните еколошки држави која е убедливо најлош стопан на сопственото национално богатство.