Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој дојде до нов градоначалнички мандат како независен кандидат и лидер на движењето „За наше Куманово“ најавува дека движењето од Куманово ќе се прошири на цела Македонија.
Димитриевски е еден од ретките политички лидери на политичката сцена кој поседува препознатлив авторитет, харизма и има јасна политичка идеја и идеологоија. За себе вели дека гради и следи социјадемократија но, во нејзината изворна смисла, идолошки темелена на Асномска Македонија и граѓанска еднаквост, нешто од што СДСМ се откажа по доаѓањето на Зоран Заев на чело на партијата, кога почна применувајќи трговска политика без никаква друга содржина и цел, освен остварување профит.
Димитриевски јавно ги поддржа протестите против бугарскиот ултиматум и, дополнително, организираше протести со таква порака и во Куманово, учествувајќи во сенародниот отпор против доброволното откажување од македонскиот идентитет, јазик, култура и историја што ги наметнува власта, со што уште еднаш се најде од спротивната страна од таа на сегашниот СДСМ.
Разликата во разбирањето и примената на политиката помеѓу Зоран Заев и Димитар Ковачевски од една, и Максим Димитриевски од друга страна, стана јавно препознаена и доволно е да се погледнат само реакциите на социјалните мрежи и излезноста на протестите против бугарскиот ултиматум за да се види дека Социјалдемократите во Македонија добија реална нова опција, и нов лидер.
И во пресрет на најголемиот државен празник на Македонија, Илинден, Димитриевски останува доследен на својата државотворна социјалдемократска политика која корените на современата држава ги гледа во АСНОМ, а на историјата, идентитетот и културата низ дејностите на македонските интелектуалци, уметници, востаници… последните два века. Тоа го потврува и во своето интервју за весникот „Вечер“.
За жал, Македонците и во 21. век сè уште се борат за своите правдини. Но, пострашно е што Македонците во 21. век се борат за основното човеково право, правото на припадност на одредена нација и правото на употреба на свој мајчин јазик.
Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република се настани од поновата македонска историја кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава.
Оваа година, со прифаќањето на Францускиот предлог од актуелната влада, и понудената преговарачка рамка за влез во ЕУ, националниот празник Илинден ќе го пречекаме со едно горко чувство на неправда, со изгубено достоинство, понижени и со неизвесна судбина за натамошниот тек во преговарачкиот процес и нашиот пат кон ЕУ.
За Македонија настапува еден турбулентен период, разединето општество, период во кој ни претстои борба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и заштита на македонските историски настани и личности. Со еден збор, мораме да сториме сѐ за да ги зачуваме македонските национални и државни интереси – вели Димитириевски.
Прашан каков е неговиот однос и дали има контакт со раководството на СДСМ, откако беше донесоа одлуката за негово исклучување од партијата, Димитриевски вели дека формално-правно, сè уште е член на СДСМ.
Процесот за моето исклучување од партијата, во согласност со статутот на СДСМ, не е завршен. Мојата определба е социјалдемократска, но политиката на актуелното раководство на СДСМ нема никаква допирна точка со основните вредности на социјалдемократијата.
Во СДСМ владее една мала политичка елита, која е базирана на клиентелистички основи, личен интерес, без државна и национална стратегија и единствена определба и визија е како да се зачуваат сопствените фотелји. Всушност, СДСМ не е вистинската власт, туку е приврзок на ДУИ, кој ги диктира политиките на владата и е грубо кажано ГАЗДА во Македонија.
Контактите и комуникацијата, со дел од раководството на СДСМ, се сведени на минимално ниво и неколку министри, но исклучиво за обврски и проекти кои се поврзани со Општина Куманово и се интерес на граѓаните.
Да, и оваа година Општина Куманово ќе има своја делегација во Пелинце во согласност со претходниот добиен протокол од Собранието. На 2 Август нема простор за политика и политиканство, ќе оддадеме достоинствено почит на загинатите комити и партизани за независна Македонија. Како тоа ќе го сторат актуелните носители на функциите од законодавната и извршната власт кои ги изневерија вредностите на кои им се поклонуваат и дали држењето на говори од нивна страна, на овие за нас свети места, е гест на лицемерство, е прашања за нив кое што ќе ги следи цел живот – вели Димитриевски.
Целото интервју на „Вечер.мк“.