Министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичис, ја повика ЕУ да ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот.
На Твитер, Ринкевичис го осуди „бруталното убиство на украинските воени затвореници извршено од вооружените сили на Русија во Оленивка“.
Тој ја повика и Европската унија да ги укине туристичките визи за Русите.
-ЕУ мора да го разгледа предлогот Русија да ја прогласи за државен спонзор на тероризмот. Го повторувам предлогот за воведување забрана за туристички визи на ЕУ за руските граѓани, напиша тој.