Седум лица, од кои пет деца, загинаа во сообраќајна несреќа предизвикана од возило кое се движело во погрешна насока на автопат во северниот дел на американската сојузна држава Илиноис, соопштија локалните власти.
Сообраќајната несреќа се случи утринава на автопатот 90 на околу 50 милји од Чикаго.
Државната полиција соопшти дека комбето што ја предизвикало несреќата се движело во погрешен правец на автопатот.
Една жена и пет деца загинаа во комбето, а друга жена загина во друго возило, соопшти државната полиција на Илиноис.