Посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предизвика голема полемика и тензии на релација Вашингтон – Пекинг.
Додека тензиите меѓу САД и Кина се доведени до точка на „вриење“ , демократката Пелоси ја продолжува својата турнеја низ Азија
Кина веќе го затвори воздушниот простор во областа и нареди воени вежби во близина на Тајван, ветувајќи сериозни последици.
Според „Sputnik International“, Пелоси заминува од Тајван за да ја продолжи својата азиска турнеја, бидејќи се очекува да ги посети Јужна Кореја и Јапонија. Американскиот политичар претходно се обрати пред тајванскиот парламент и имаше средба со претседателот Цаи Инг-вен. Пелоси, исто така, ја обвини Кина дека му се заканува на островот „и неговата демократија“.