Реномираниот македонски театарски, филмски и телевизиски актер Митко Апостоловски почина на 67 – годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја пренесе неговиот колега Петар Горко на социјалната мрежа „Фејсбук“.
-Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко во фејсбук статусот.
Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Отсекот за драмски глумци при Вишата музичка школа во Скопје. Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).
Во текот на својата кариера има одиграно бројни улоги по кои ќе остане запаметен. Меѓу нив е и улогата на Аритон во филмот „Големата вода“ (2004) на Иво Трајков, потоа Димитрија во филмот „Трето полувреме“ (2012) на режисерот Дарко Митревски и Ристо во „До балчак“ на Столе Попов од 2014 година.