Додека ги тераа граѓаните да аплаудираат за „успесите“ на нивните министри, криминалците од СДСМ и ДУИ краделе, местеле тендери и се луксузирале со пари на граѓаните. Додека десетици наши граѓани умираа во текот на еден ден, тендерашите од СДСМ И ДУИ во време на прогласена кризна состојба, заобиколувајќи го законот купувале возила, набавувале медицинска опрема со енормно висока цена дури за 500% повисока од реалноста, набавувале канцелариски материјали – обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Во партиското соопштение посочуваат дека за време на прогласена здравствена криза, Здравствениот дом во Тетово ја искористиле ситуацијата и како потреба за справување со епидемијата се подновиле со нов автомобил Опел кросленд вреден над 21 илјади евра.

-Само 2 месеца по несреќата во тетовската болница, каде што живи изгореа 14 луѓе, Здравствениот дом во Тетово се подновил со ново возило од парите на граѓаните. Наместо заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите во болниците и домовите, парите се трошеле за луксузирање на директорите и министрите на ДУИ и СДСМ. Да биде уште по трагично во извештајот кој испадна деновиве, за следење на јавните набавки во време на прогласена кризна состојба во државата, институциите вршеле злоупотреба и во набавувањето на здравствена опрема и материјали. Па така во ист временски период, за иста опрема од ист производител се плаќало различна цена. Иста заштитна маска од ист производител во ист ден се набавувала од 2,7 денари до 104 денари. Како неопходни во време кога имавме по илјадници заразени и десетици починати од Ковид-19 се набавувале и канцелариски материјали со предзнак – Ковид потребни. Само одлепени од реалноста, луѓе како овие од СДСМ и ДУИ можат да се луксузираат и крадат додека граѓани умираа. За секој еден изгубен живот, за секој еден наместен тендер и секој еден криминал ќе има одговорност. Граѓаните ќе го казнат ова неодговорно и расипничко работење на функционерите на СДСМ и ДУИ на следните предвремени парламентарни избори – стои во партиското соопштение испратено од ВМРО-ДПМНЕ.