Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во периодот од 17 до 23.30 часот спроведена била засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир во Скопје.
При контролата, како што посочуваат од МВР, санкционирани се 64 возачи, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест за возење со брзина поголема од дозволената, три возила се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.