Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштението од РЕК Битола за грниот густ чад кој се испушта од оџаците.
Изминативе денови слушаме разни небулози од раководството на ЕСМ дека производството на електрична енергија било зголемено во споредба со мината година. За испадите на преостанатите два блока во РЕК Битола нема ниту коментар. Во текот на Август 2022 три пати има испади на двата блока во РЕК Битола поради дефекти во котловските постројки. А, сето тоа е резултат на слабото одржување на постројките без ремонтни активности.
Во моментов АД ЕСМ се наоѓа во најлоша кондиција откако постои.
Со денови се гледа од оџакот на РЕК Битола дека се исфрла густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Тоа е поради сериозни проблеми на електростатските филтри на блоковите, а посебно на блок 2 кој е целосно запоставен во одржувањето. Затрупани се зоните во филтерот со пепел и земја.
Тоа е хаварија која веќе еднаш се случила во РЕК Битола во далечната 1989 година. Дали поради небрежност и неодржување на постројките актуелното раководство на ЕСМ и владата ќе доведат до тоа повторно да се сруши филтерот и косиот мост?
На депонијата нема резерви на јаглен. Се појавуваат информации дека имало преку 90.000 тони јаглен, но вистината е дека тоа не е јаглен туку мешавина на земја и јаглен Затоа се појавува тој жолто-кафеав чад од оџакот. Калоричната вредност на оваа мешавина е една третина од норманиот јаглен што значи дека на депонија еквивалент е како да има 30.000 тони јаглен. Тоа е работа за неколку дена со силна подршка на согорување со мазут.
Со ваквиот недозволен начина на работа загадувањето на животната средина е над сите дозволени граници. Но, сега ги нема сите тие загрижени активисти и зелени здруженија како “Битола сака чист воздух“ и слично. Ги нема пресовите и секојдневните информации како што беа во времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.
Еве ја моменталната состојба во ЕСМ:
Ова лето нема да се прават ремонти на термоелектраните, а фали и еден трансформатор на еден блок во РЕК Битола кој „случајно“ експлодираше и сеуште не е поправен (се очекува дури во ноември да стигне новиот-се разбира ако не е нова лага на Васко Ковачевски).
Моментално складираниот јаглен е многу помалку од 100 000 тони што претставува само 25% од потребните 400 000 тони согласно плановите за ископ и поранешната пракса.
Моменталната откривка на јаглен е околу 200 000 тони што изнесува само 20 % од потребните 1 000 000 тони откривка на јагленов слој за да може во зима јагленот да се копа непречено.
Моменталната состојба на акумулациите на АД ЕСМ е околу 40 % од максимумот или 220 000 MWh, просечно во Август состојбата на акумулациите треба да се движи околу 80 % или некаде околу 440 000 акумулирани МWh енергија .
Дополнително на ова Ковачевски ја замајува јавноста дека ќе увезе јаглен.
Ковачевски ја донесе на колена АД ЕСМ, ја ограби и ја уништи на финансиски и производствен план, со што ги оштети сите граѓани на државата имајќи предвид дека компанијата е нивна сопственост.
Господ да ни е напомош зимава!!!