Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов поради натрупаниот работен распоред, соопшти Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин утрово му одал последна чест на Горбачов со посетата и полагањето венец во московската Централна клиничка болница, каде тој почина во вторникот.

– За жал, работните обврски на претседателот не дозволуваат тоа да го стори на 3 септември, па одлучи да го направи денеска, појасни Песков.

Како што тој додаде, погребот на Горбачов ќе има „елементи“ на државен погреб, вклучително и почесна стража и дека државата помага при негово организирање.