Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност и на Законодано-правната е Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан.