За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а за исто толку е намален на Охридското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа нивото на Преспанското Езеро е за 1,68 метри пониско од просекот за септември, додека водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Повисоко од просечното и тоа за 2,43 метри е и нивото на Дојранското Езеро кое е исто со вчерашното.
Повисоки од просечните се и водостоите на повеќето од реките во земјава и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера.