Времето денеска во утринските часови ќе биде со зголемена облачност, во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а дневните ќе достигнат максимални 29 степени.
Во Скопје преку денот сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Максимална температура од 26 степени.
За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. УВ=6
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во текот на ноќта со пороен дожд.