Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од инфантилното однесување на власта и нејзиниот категоричен став за уставни промени, кое залудно посакуваат да го остварат преку опозициските пратеници.
Социјалистичката партија на Македонија потсетува на поблиското минато и на веќе виденото срамно собраниско и недемократско постапување на власта поврзано токму со претходното менување на македонскиот Устав. Впрочем таа заслепена од моќта под демократија и не подразбира ништо друго освен игри, измами и поигрување со јасно изразената волја на гласачите која за нив по значење е на последно место.
Во продолжение соопштението
Затоа осведочените криминалци од власта се јавуваат со лицемерни лекции и крајно патетични и лекоумни препораки до македонскиот народ што е за него најдобро. Сето тоа можат да си го сочуваат во нивните партиски штабови и богато опремени владини кабинети.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека кај опозицијата единствено постои цврста решеност за одбрана на македонските национални и државни интереси од политичките насилници во власта кои со леснотија го прифатија идентитетското обезличување и бугарските ултиматуми. Тие политиканти кои се јавуваат во јавноста во себе не соддржат ниту елементарен кредибилитет за отворање тема која ги допира македонските ининтереси, македонското минато, особено не македонската иднина, која што македонските граѓани секако дека нема да ја градат заедно со нив.
Социјалистичката партија на Македонија одлучно ги отфрла сите небулозни изјави и истовремено ги смета за одраз на посебната состојба во која се наоѓа власта свесна за неопходноста од одржување на предвремени парламентарни избори, па оттаму ја поттикнуваме да се одважи да го направи тој чекор, токму таа да ги побара, за што бездруго ќе ја добие поддршката.