Амбасадорот на Чешката република во Македонија Јарослав Лудва утре во Собранието, пред членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги претстави приоритетите на неговата земја со ЕУ.
Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2022 година.
Мотото на чешкото претседавање е „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“, а нејзините приоритети се управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции.
За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата.