Инвеститорите бараат забрзување на процедурата, зашто секој ден е важен за проектот што треба да донесе развој на регионот. Актерот Мет Дилон за Македонската телевизија со поддршка за изградба на технолошкиот парк во Скопје.
Отворено писмо од инвеститори до Владата за побрзо одобрување на одлуката за изградба на Технолошки парк во Скопје. Велат- секој ден е важен за инвестицијата што треба да донесе развој за целиот регион.
-Економскиот ефект ќе биде голем. Презедовме обврска дека првично ќе има заработувачка од 172 до 400 милиони евра, а според проценките на ММФ дополнително ќе се создадат над 540 милиони евра позитивен економски ефект во наредните три години. Проценуваме отворање на над 800 работни места во првите три години. Не помалку важен е и едукативниот и забавниот, изјави за МТВ првиот човек на компанијата што планира да вложува.
Поддршка за проектот и од холивудската ѕвезда Мет Дилон.
-Би сакал да ги поздравам луѓето во Македонија. Со нетрпение очекувам да го посетам Скопје кога ќе се пробиеме со овој значаен проект. Затоа би ја повикал Владата на Северна Македонија што поскоро да го одобри проектот на технолошки парк Скопје за да може да направиме големи работи заедно со талентираните луѓе од Македонија и целиот регион. Заедно ќе ги подигнеме филмот, музиката и балканската култура на едно ново ниво, вели Дилон за МРТ.
Повеќе на МРТ.