САД денеска соопштија дека утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета. Претходното известување за таков ракетен тест е многу невообичаено, но има за цел да избегне какво било влошување на тензиите со Русија во екот на конфликтот во Украина, посочуваат западните медиуми.
-Ова тестирање на невооружената ракета „Минутмен три“ ќе биде утре наутро, на 7 септември, од воздухопловната база Ванденберг, Калифорнија, рече портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.
-Ова е рутински тест што се планираше долго време и кој, како и претходните тестови, ќе ја провери и потврди ефикасноста и подготвеноста на нашиот систем, рече тој, додавајќи дека САД однапред ја информирале Русија за тестирањето.