Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Смилево.
-Длабока почит и поклон за Дамјан Груев, пред неговото спомен обележје во славното Смилево.
Груев, еден од најголемите синови на Македонија и човек кој животот го посветил на ВМРО и каузата, и тоа на денот кога се бележи независноста на нашата татковина Македонија.
На Македонија и треба нов 8 Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина, и зачуван идентитет.
Слава на хероите кои ги положија животите за нашата слобода и независност!, пишува Мицкоски на Фејсбук.