Британската премиерка Лиз Трус даде изјава за смртта на кралицата Елизабета Втора, опишувајќи ја како „огромен шок за нацијата и светот“.
„Сите сме скршени од болка“, изјави таа пред насобраните пред Даунинг стрит.
Таа ја опиша кралицата како „карпата врз која е изградена модерната Британија“ и „самиот дух на Велика Британија“.
Таа се потсети дека пред само два дена била во Балморал за да се сретне со кралицата за да положи заклетва како премиер и вели дека монархот била „лична инспирација“ за неа.
Британската премиерка рече дека посветеноста на кралицата на должноста била „пример за сите нас“ и дека денес е „ден на голема загуба“.
Таа, исто така, му оддаде почит на кралот Чарлс, велејќи дека земјата сега мора да се обедини за да го поддржи и да му ја понуди нашата „лојалност и посветеност“.
Својата изјава таа ја заврши со зборовите: „Боже чувај го кралот“