Премиерот го коментира однесувањето на Пауновски.
– Директорот Пауновски е информиран со дописи за систематизацијата. Во меѓувреме не побарал да разговара со нас. Последното негово писмо до мене или до вицепремиерот Груби е во јануари. При изготвување на планот за прераспределба на лицата е земено во предвид и образованието, вели Заев.
Од увидот во образовниот профил, утврдено е дека 24 вработени кои треба да бидат превземени, ги исполнуваат условите. Ова значи дека овие лица може да бидат превземени како административни службеници. Директорот Пауновски беше писмено известен во врска со оправданоста и начинот на распределбата, со тоа што тој не го прилагодил актот, што е дел на обврска.
– Со процесот на распределбата се решава децениски проблем. А превземањето на вработните нема импликации за буџетот, затоа што станува збор за лица кои земаат плата, а не одат на работа. Станува збор за законска обрска, за закон кој е донесен во декември 2020 година. Ова е овврска за сите, што се дел од институциите, особено за носителите на одговорните функции, рече Заев.