Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на советничките прашања несоодветно се однесуваше и побегна од салата. Граѓаните на социјалните мрежи со коментари за нејзниот хистеричен напад.
На седница за советнички прашања запрашана Арсовска за тоа дека во јавноста излезе дека понудата на турска компанија имала 20 милиони евра пониска понуда од останатите и дали навистина е симптоматично од каде се таквите информации кога понудите се уште не биле отворени. Дали за ова требаше промена на членовите на Комисија за еваулација?
Поради ова прашање градоначалничката наместо да одговори пред советниците и јавноста таа несоодветно се однесуваше и удираше по говорницата. Ниту сакаше да одговори на прашањето кој е Аркан Керим.
Со испади на хистерија и бркање на магла градоначалничката не одговри на поставените прашања и на останатите советници.
Претседателот на Советот на Град Скопје неколку пати ја опомена градоначалничката да не се однесува несоодветно туку да одговори на прашањата кои и ги поставуваат советниците.
После овој испад, Арсовска соочена со аргунтите и доказите помегна од салата на Советот во Град Скопје, без присуство на седницата која е посветена точно за поставување прашања од советниците до неа, како градоначалник на Градот и службите во Градот.
Но одговор на советнички прашања не го добија ниту советниците, ниту јавноста. Градоначалничката по несоодветното однесување ја напушти салата и воопшто не се врати.