Талат Џафери со одлуката за отфрлање на иницијативата за референдум за договорот со Бугарија ја стави на респиратор кариерата на Ковачевски. Со овој потег Талат не само што противправно се стави во позиција на Уставен судија, туку и ја извади на виделина паниката која владее во редовите на власта од соочување со народот.
Антимакедонската СДС има уплав да го слушне мислењето на народот бидејќи знаат дека над 900 илјади граѓани ќе излезат за успешен референдум и ќе гласаат за сосекување во корен на проблемот кој носи асимилација и негирање на македонскиот идентитет.
СДС се свесни дека и иницијативата и прашањето се согласно Уставот и законот, но немаат храброст да проверат што мисли народот за нивната политика и за договорот со Бугарија, па затоа на кукавички начин ја отфрлија. Дури и на голем дел од нивните поддржувачи им е јасно дека додека постои овој договор до тогаш ќе произлегуваат нови и нови уцени, диктати и понижувања и затоа и тие би гласале на референдум.
Ковачевски се сокри под фотелјата на Талат мислејќи дека така ќе ја спаси својата влада. Но владата бегајќи од народот веќе изгуби секаков легитимитет. Таа е клинички мртва влада која вештачки се одржува. Народот ќе си дојде по своето. Никој не може да избега и да победи народ, а најмалку Ковачевски кој кукавички се крие. Народната казна ќе го стаса.