Мал пожар избувнал денеска во Министерството за култура, според соопштението од оваа институција, и бил изгаснат веднаш од вработените со ПП апарат, а според протоколите за работа сите биле евакуирани навремено.

-Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета, наведува во соопштение Министерството за култура.

Јавен обвинител врши увид за утврдување на причините за пожарот и еветнуланата штета по пожарот што избувна денеска попладне во Министерството за култура.

Во пожарот се запалиле три регистри и шина за кабел во една од просториите во министерството, но пожарот бил веднаш изгаснат со ПП апарат.

Сите вработени биле евакуирани навреме, се вели во соопштението на министерството за култура.