Унгарската мисица Викторија Јазмин во Охрид преживеала вистински хорор. 21 годишната манекенка договарала фотосесија со Македонец кој се претставувал како бизнисмен. Како што раскажува таа, на почетокот бил фин, но по неколку дена почнала да се сомнева во неговите намери, поради чудното однесување.
„По пристигнувањето, персоналот на хотелот ми го зеде пасошот, а потоа ништо не се случуваше со денови, каде и да одев некој беше со мене, ме чуваше. По некое време, мојот клиент почна да ме турка. Сакаше да ме прегрне, ме замоли да му дадам бакнеж, ми пријде малку насилно, но јас одбив. Тој само еднаш се сврте кон мене и ми рече: ако те убијам токму овде и те фрлам во езерото, никој немаше да знае каде си дваесет години. Се исплашив, но не покажав, туку испив две чаши вино. После тоа, ништо не се сеќавам од вечерта, веројатно имаше нешто во пијалокот, паднав во несвесна состојба“, вели Јазмин.
Следниот ден Јазмин побарала помош од својот татко. Додека го чекала да дојде од Унгарија, таа успеала да се сокрие. Две ноќи спиела во шатор.
„Тоа беше пеколен ден. Се плашев дека ќе ме најдат. Воопшто не спиев, се плашев да ги затворам очите. И сега имам кошмари, бидејќи специјалистите потоа рекоа дека добро сум поминала без да ме продадат мене или моите органи.“
Откако безбедно пристигнала дома, Јазмин започнала да добива заканувачки пораки од Македонецот. Ја уценувал дека поседува интимни фотографии од неа, мамејќи ја да се врати.
Според унгарските медиуми, Интерпол веќе ја истражува балканската криминална банда, а една од групата манекенки случајот го пријавила и во Франција. Од македонското МВР, пак, на нашето прашање одговорија дека се направени основни проверки според кои не е утврдена основаност на пријавата. Оттаму најавија дека ќе се прават и дополнителни проверки, за што јавноста навремено ќе биде известена.
Видеото погледнете го на ТВ Сител