Реномираниот македонски ракометен стратег Андон Бошковски почина ненадејно на 47-годишна возраст, објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Изразувајќи сочувство до семејството РФМ соопшти дека веста за смртта на Бошковски е примена со „длабока тага и неверување“.

Бошковски во кариерата предводеше голем број македонски екипи, а имаше и меѓународна кариера.

На домашната сцена беше на чело на металург, Вардар 1961, Работнички, Младост Богданци, Еурофарм работник, Струга, Голден Арт, Радовиш и Пролет.

Бошковски беше и селектор на Грузија, а измината полусезона го предводеше косовскиот прволигаш Вуштрија.